Америка НЕ е на првото место
Според истражувањето на „Номад Капиталиста“, шведскиот пасош во моментов е најпосакуваниот на светот. По него следуваат пасошите на други земји од Европа, а американскиот е на неочекувано место.
Со шведскиот пасош можете да патувате без виза во 176 држави или територии, а како што вели основачот на Номад, Ендру Хендерсон, со овој пасош многу лесно можете да се ослободите од даноците во Шведска и да заминете да живеете некаде каде даноците се ниски, без многу главоболки.
Од друга страна, американскиот пасош кој некогаш беше сметан за еден од најдобрите и најбараните на светот, сега е рангиран под неколку европски нации.
Па така од првите 43 места, на оваа листа, дури 33 се земји од Европската унија, а веднаш по Шведска се Белгија, Италија, Шпанија, Ирска, Финска, Германија, Данска, Швајцарија, Луксембург и Франција.
Блумберг наведува дека за граѓаните на тие земји заедничко им е нискиот данок во однос на приходот, без разлика каде живеат. Од друга страна, Америка го наплаќа данокот без разлика каде се заработени парите, што го прави нивниот пасот не толку атрактивен.
Бугарскиот блиску до американскиот
Американскиот пасош се наоѓа на 35 тото место, кое го дели заедно со Словенија. Според истражувањето, само минатата година повеќе од 5400 луѓе се откажале од американско државјанство и го срушиле рекордот.
Што се однесува до другите држави во нашето опкружување, хрватскиот пасош е на 49-то место српскиот на 73.
Македонија заедно со Црна Гора го дели 76-тото место додека бугарскиот пасош е на високото 41-то место и со него може да се патува во 169 земји.
На последното место е пасошот на Авганистан.
Програмот Златна виза
Големата побарувачка на Европските пасоши доведе до создавање на илегален пазар на кој корумпирани службеници од многу земји во Европа заработуваат пари со издавање на фалсификувани документи.
Од друга страна и многу земји во Европската унија сакаат и официјално да дојдат до ваквата исплатлива заработка, и затоа под името Златна виза, тргуваат со државјанства и документи за претстој преку кои граѓаните од други држави вадат пасоши, а властите кои што ги издаваат заработуваат милијарди.
Последен таков случај беше забележан токму во Бугарија кога беше сменет шефот на канцеларијата за Бугари во странство, заради коруптивни дејности.
Системот кој во ЕУ се нарекува „Златна виза“ не е ништо со помали димензии. Според тој систем државјанство во некоја од земјите во Европската унија може да добие оној кој доволно ќе плати или инвестира. Половина од земјите во ЕУ, а меѓу нив Бугарија, Грција, велика Британија, Летонија, Литванија, Малта, Австрија, Португалија, Шпанија, Унгарија и Кипар ги нудат овие програми.
На тој начин само во изминативе неколку години се купени најмалку 6000 државјанства и 100.000 дозволи за престој, пренесува организацијата „Транспаренси интернешнал“, а објави „Дојче Веле“. Вкупниот приход од таквиот износ е најмалку 25 милијарди евра.
Програмот „Златна виза“ стана пералница за пари и во него се пронаоѓаат криминални бизнисмени, се наведува во соопштението на оваа организација.