Баравме костими за капење и решивме да порачаме од Алиекспрес
Откако минатото лето се мував речиси низ сите продавници барајќи модел на костими за капење што ми се допаѓа и откако го купив оној што и не ми стоеше баш најдобро (а поради кој потрошив повеќе од половина плата!), оваа година решив да направам една мала промена. Имено, решив да разгледам што има на АлиЕкспрес и доколку најдам модел што ми се допаѓа да направам нарачка, надевајќи се дека ќе ми стасаат до крајот на јуни кога планирам да одам на одмор.
Имено, на сите ни е јасно дека интернетот е најголемиот пазар на светот, каде можете да најдете се што ќе ви падне на памет, а откако ги разгледав познатите дуќани на нашите бутици кои ги има на социјалните мрежи и кои продаваат модели со нешто поевтини цени од оние на познатите брендови, решив да скокнам на една од најпознатите интернет продавници, АлиЕкспрес, и да видам што нудат тие. Имено, ова не е прв пат да порачувам облека од овој популарен сервис, и до сега сум немала никаков проблем со нив (пратката ќе ви пристигне за нешто помалку од месец дена, а производите се повеќе од задоволителни).
$5.00
Единствениот проблем е што од изборот може да ве заболи глава, а цените се толку ниски така што и до 10 долари можете да најдете милион модели на кои нема да можете да им одолеете. Не ни верувате? Погледнете ги цените на овие преубави модели што ви се дадени во продолжение …
11.17$
$11.83
$6.72
$8.09
$8.99
$10.50
$10.85
$10.92