Дали дизајнерите во Гучи се шегуваат или ова навистина е единствениот костим за капење во кој не можете да се бањате?
Познатиот италијански бренд Гучи во својата нова колекција претстави костим за капење кој предизвика бура од реакции.
Имено во прашање е класичен едноделен костим за капење со препознатливото лого на градите. Но првата работа што ќе ве шокира, а тоа е неговата цена од 490 долари! Другата шокантна работа е тоа што овој костим за капење не смее да го користите за бањање во базен! Верувале или не но костимот е направен од комбинација од материјали – 80 % најлон, 20 % еластин, а облогата е од 73 % најлон и 27 % еластин.
На самиот сајт е наведено дека овој костим за капење поради самата природа на материјалот не треба да биде во контакт со хлор?! Но затоа е одличен за фотографирање на социјалните мрежи, нели?