Во многу ситуации се покажа дека досадата е потенцијален убиeeц на врската, иако тоа го сфаќаме дури тогаш кога ќе паднеме во нејзината замка и кога едноставно нема враќање назад.
Бројни психолози потврдија дека токму зборот „досада“ е најчестиот изговор со кој двојките опишуваат дена нешто не е во ред со нивниот брак. Очекувано, жените почесто се жалат на оваа состојба, а едно истражување дури покажа дека истата е најизразена во точно определена временска рамка, по единаесет години и седум месеци.
Партнерите низ годините се менуваат во различни насоки, најчесто не разговараат отворено за желбите и погледите кон врската, но и кон животот воопшто. На почетокот некако природно сѐ е во најдобар ред, но со текот на времето значајно се одалечуваат. Пораките на мобилниот телефон стануваат предвиливи, речениците на партнерот се слушаат половично без некој значаен напор на истите да им се реплицира, по две до три години во брак лесно се откажуваат од романтиката, а тоа може да биде многу опасно.
Недоволно посветеното внимание, време и енергија можат да бидат погубни за вашиот однос. Затоа ви пренесуваме неколку работи на кои треба вистински да поработите. Се рзбира, влогот треба да биде заеднички.
* Престанете да бидете преокупирани со пари, успех, со социјален статус воопшто. Многу често се докажувало дека среќата е во малите нешта.
* Седнете и сериозно разговарајте што ви пречи еден кај друг, како сте стигнале до овој степен на досада во вашата секојдневна комуникација.
* Најдете баланс и научете се на компромиси. Тоа во што една личност ужива, на друга може да ѝ биде монотоно.
* Бидете разумни и не помислувајте на неверство. Кога ќе сфатите дека сте паднале во монотонија, бидете искрени и обидете се да креирате содржаен и возбудлив однос.
* Важно е да имате слични интереси, вредности и животен стил, но и со тек на време да пронаоѓате нови работи во кои двајцата ќе уживате.
* Кога ќе помине периодот на самоизолација и оваа коронавирус паника, првото нешто што треба да го направите е романтична вечера во омилениот ресторан на двајцата.