Копија на мама: Ќерката на Сузана Турунџиева го смени имиџот – погледнете како изгледа сега
Ќерката на македонската водителка го промени имиџот и доби само комплименти за изгледот.
Турунџиева сподели фотографија со нејзината постара ќерка и ги воодушеви сите.
Првата ќерка на македонскиот пливач Александар Маленко и водителката Сузана Турунџиева, Лора пред неколку стапи во брак со својот избраник Филип Наунов и стана млада мајка.
Нејзината мајка, Сузана Турунџиева откри дека нејзиниот поранешен сопруг Александар Маленко не присуствувал на свадбата на нивната ќерка.
– Маленко не беше поканет, затоа што Лора одлучи така. Воопшто не беше ни предмет на дискусија. Не комуницираме. Кога ќе видиш дека некој човек не е дораснат за улогата на родител едноставно немаш ни зошто да комуницираш – порача таа.
Лора и Филип се доста активни на социјалните мрежи и важат за складен пар, кој ужива во новата животна улога.
Плод на нивната љубов е нивниот син Јаков и секој слободен момент го користат за да го поминат со него.
Важат за посветени родители, но подеднакво се посветени и на изгледот.
Редовно вежбаат и може да се пофалат со витка фигура.
Лора, која е mлада мајка својата линија ја доведе до совршенство, односно успеала да ослабе 11 килограми ппсле породувањето.
Нејзин личен тренер бил се разбира нејзиниот сопруг.
Нејзината мајка на социјалните мрежи сподели нивна заедничка фотографија на која може да се види дека
Лора ја сменила и бојата на косата, односно сега е русокоса како мама.
Сузе во опис напиша и емотивна порака со која ги воодушеви сите:
ФОТО: Фејсбук / Лора Турунџиева
ФОТО: Фејсбук / Лора Турунџиева
ФОТО: Фејсбук / Лора Турунџиева
ФОТО: Фејсбук / Лора Турунџиева
ФОТО: Фејсбук / Лора Турунџиева
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева