Некогашната водителка покажа како изгледа нејзината ќерка.
Коментари со комплименти почнаа да се редат под фотографијата на која Дракче позира заедно со нејзината ќерка.
Драгица Стевковска Дракче публиката ја запозна како водителка на популарната емисија „Патот на светлината“, во која таа ја предвидуваше иднината и ги толкуваше соништата на јавувачите.
Поради нејзината харизма и позитивна енергија публиката веднаш ја засака и до ден денес не ја заборава.
По таа емисија, Дракче беше дел од многу други проекти, а денес е активна и на социјалните мрежи каде споделува фотографии и од приватниот живот и секојдневието.
И покрај тоа што животот ѝ донесе многу тешкотии, сепак успеа да ја задржи насмевката на нејзиното лице.
Дракче успеа да ја победи и најтешката болест и со тоа дополнително стана инспиративна за публиката.
Освен што е успешна во својата професија, таа е и сопруга, мајка и баба.
Скоро 4 децении таа е во брак со нејзиниот сопруг, популарниот македонски пејач на патриотски песни, Орце Стевковски.
Тие дваја живеат во скопското село Петровец, каде како што велат го нашле својот мир и спокој.
Дракче и Орце имаат две ќерки Ангелина и Александра, кои не тргнаа по стапките на родителите и не сакаат јавно да се експонираат.
Водителката ги изненади сите откако одлучи да ја покаже својата ќерка Ангелина.
Коментари со комплименти почнаа да се редат под фотографијата на која Дракче позира заедно со нејзината ќерка.
„Цвеќето на Галилејското езеро и ние во цвеќето..Керками Ане и јас“, напиша Дракче.
ФОТО: Фејсбук / Драгица Стевковска Дракче