Копија и гордост на тато: Ова е ќерката на Ферус
Ќерката на кралот на ромската музика се огласи на Фејсбук.
Минатата година Македонија ја потресе тажна вест.
Веста дека згасна животот на кралот на ромската музика одекна во медиумите и се рашири за кратко време.
ФОТО: Фејсбук / Ферус Мустафов
На 72-годишна возраст Ферус замина од овој свет.
Шпекулациите дека Ферус примал терапија и негов пријател му рекол да ја прекине, па оттогаш почнале неговите здравствени проблеми, ги потврди и неговиот внук Ферчо.
ФОТО: Фејсбук / Ферус Мустафов
25 дена лежеше во една од болниците кај нас, каде бил и во кома и токму кога семејството добило информација дека состојбата на Ферус оди кон подобро, се случило најлошото.
Мозочен удар е причината за cмp-ттa на кралот на ромската музика.
ФОТО: Фејсбук / Ферус Мустафов
Неколу години беше во брак со неговата сопруга Јелена, а плод на нивната љубов е ќеркичката Мелек, која ја добија кога Ферус имаше 62 години.
Ова не беше прв брак за Ферус, а Мелек не е негово единствено дете.
Музичарот имаше син и ќерка од првата сопруга Лиле, со која се разведе во 2007 година, по околу 35 години брак.
ФОТО: Фејсбук / Ферус Мустафов
Мелек порасн во вистинска убавица кој на Фејсбук сподели видео од подигнувањето на награда која нејзиниот татко ја добил постхумно.
„Голема чест и благодарност што ја подигнав наградата во чест на мојот татко Ферус Мустафов, кралот на ромската музика“, стои во опис на видеото.