Македонскиот политичар и неговите двајца браќа се буквално како „јајце на јајце“.
Во 2020 година Владата го именуваше Стојанче Ангелов за в.д. директор на Центарот за управување со кризи.
Тој исто така е претседател на партијата „Достоинство“ и поранешен генерал-мајор на специјалните единици на македонската полиција.
Стојанче е еден од ретките политичари кои често споделуваат фотографии на социјалните мрежи од своето семејство и приватниот живот.
Иако делува строго и надмено, зад него се крие романтичен сопруг и грижлив татко.
Политичарите ретко ги изразуваат емоциите во јавност, па народот ја нема реалната слика за нив.
Стојанче се труди да ја задржи професионалноста на која било позиција и да е, но секој слободен момент го користи да го помине со најсаканите.
Со неговата сопруга Јасминка се еден од најскладните парови во земјава.
Тие се пар кој се бори за правда, достоинство на народот. И покрај сите бури и животните предизвици, нивната љубов била посилна од се.
Јасминка е храбра жена, дел од Министерството за внатрешни работи, каде и се запознале со Ангелов.
Јасминка и Стојанче имаат по една ќерка од претходните бракови, а круна на нивната љубов им се заедничките син и ќерка.
Нивната љубов започнала пред повеќе од 15 години, на работното место.
Еден за друг велат дека се сродни души, грнче и капаче.
Семејството е најважното нешто за Ангелов, а сега одлучи да ги покаже и своите браќа.
Марјан, Горанчо и Стојанче неверојатно многу потсетуваат еден на друг.
За новогодишните празници се собрале сите тројца на исто место, а она што е интересно е тоа што браќата дури и слично се облекле.
„Браќа Ангелови (омилена боја Карирана ), стои во опис на фотографијата која Стојанче ја сподели на Фејсбук.
ФОТО: Фејсбук / Стојанче Ангелов
ФОТО: Фејсбук / Стојанче Ангелов
ФОТО: Фејсбук / Стојанче Ангелов
ФОТО: Фејсбук / Стојанче Ангелов
ФОТО: Фејсбук / Стојанче Ангелов
ФОТО: Фејсбук / Стојанче Ангелов
ФОТО: Фејсбук / Стојанче Ангелов
ФОТО: Фејсбук / Стојанче Ангелов
ФОТО: Фејсбук / Стојанче Ангелов
ФОТО: Фејсбук / Стојанче Ангелов
ФОТО: Фејсбук / Стојанче Ангелов
ФОТО: Фејсбук / Стојанче Ангелов
ФОТО: Фејсбук / Стојанче Ангелов