Сезоната на Водолија пристигна, а во истиот знак влегува и Плутон, кој ќе предизвика големи промени кај сите хороскопски знаци, па дури и на финансиски план.
Играме уште еден ѕвезден рулет, а планетите на некои знаци ќе бидат повеќе наклонети кон пари од другите.
Доколку се прашувате кој ќе има пари до 27 јануари, меѓу нив се и знаците како: Бик, Стрелец, Јарец и Девица.
БИК
Меркур во Јарец ви одговара, па можете да правите рационални планови за заработка. Нема да оди брзо, но планетите се на ваша страна, па парите ќе дојдат затоа што сте ги заработиле.
СТРЕЛЕЦ
Нагласеното второ поле ви носи одличен период на заработка. Вие сте во позиција да барате пари, но и да ги добивате. Можна е подобро платена деловна понуда.
ЈАРЕЦ
Влегувањето на Плутон во полето на парите навестува важен период во вашиот живот каде што можете да заработите големи пари. Сега и официјално сте играч на „големи пари“ затоа што ништо ситно не ве интересира.
ДЕВИЦА
Со помош на личната креативност, можете да заработите oд нешто што порано ви беше хоби. Така некој ќе биде подготвен да плати за вашата креативна работа.
Хороскопскиот знак кој треба да игра игри на среќа е Вага.