Конечно убави вести за пензионерите: Ова сигурно ќе израдува многумина

Вицепремиерот, Фатмир Битиќи во гостување на ТВ Канал 5, најави дека наскоро ќе има нови мерки за финансиска поддршка на граѓаните, пакет антикризни мерки, а со Закон за минимална пензија ќе се заокружи процесот на реформи.
Тој посочи дека Владата предводена од СДСМ со системски решенија и навремени мерки го поддржувала стандардот на граѓаните и компаниите во време на кризи и така ќе продолжи и дека пензионерите ќе бидат дел од новиот пакет антикризни мерки.

-Имаме разбирање за сите барања на пензионерите, затоа и минатата година и оваа година имаше антикризни мерки и пакети за поддршка, енергетски пакет, пензионерите ќе бидат опфатени и со новиот пакет антикризни мерки. Заради тоа што имаме разбирање.
Законски обезбедивме два пати годишно усогласување на пензиите и досега два пати се зголемија, значи дава резултат, пензиите растат. Ние сакаме системски решенија.

Дополнително со носење на нов Закон за минимална пензија ќе го заокружиме процесот на реформи. После тоа ќе зборуваме за многу поубави работи за пензионерите, рече Битиќи.
Сметам дека на најранливите категории на граѓани треба да им се помогне, гарантираните цени исто така ќе треба да помогнат, како и напорите за зголемување на платите.

Јас секако зборувам дека во државата конечно треба да се напушти концептот на евтиното продавање на работната сила и да зборуваме за достоинствени плати за работното место каде што секој еден работи, истакна потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи за емисијата Македонија наутро, на националниот сервис (МТВ).
Битиќи нагласи дека да не беа кризите многу побрзо ќе се постигнеше тој ефект.

Далеку сме подобри од тоа што бевме пред 4 години, но имаме уште да направиме за да стигнеме навистина нашите граѓани да добиваат достоинтвени плати, независно дали се во јавниот сектор или приватниот сектор, истакна Битиќи.
Битиќи рече дека ќе бидат креирани мерки да помогнат на потребите на граѓаните, и со буџетот за следната година, а продолжува и субвенционирањето на струјата, за најранливите да немаат удар со зголемување на цената на електричната енергија.

Вистински е потребата една категорија на граѓани која секако ќе биде опфатена а тоа се пензионерите.
Затоа што навистина сметам дека реформите кои навистина ги запонавме кај пензискиот фонд и пензионерите со нова методологија за усогласување на пензиите дава ефект, но никој не предвидуваше дека ке имаме економска криза и секако дека најранливите, тоа се пензионерите ке бидат повеќе погодени и затоа сметам дека поголем дел од мерките треба да отидат кај пензионерите како целна група, но и другите млади итн, нагласи Битиќи додавајќи дека мерките мора да имаат сегмент на солидарност и да бидат правични.
Битиќи истакна дека во тој контекст е и данокот за солидарност, кој се однесува на 150 компании, од кои 70 отсто досега го платитле.

Кажавме дека овие средства кои ќе ги собереме ќе ги користиме за анти-кризни мерки за граѓаните затоа што сметаме дека тие кои што во изминатата година која што беше навистина тешка кризна и од енергетски аспект и од економски аспект дека треба да вратат назад да покажат одредена општествена одговорност, нагласи Битиќи, додавајќи дека данокот за солидарност не е казна, затоа што тогаш ќе се постави прашањето дали тие кои креирале таков профит минатата година не ги казниле граѓаните.
Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи нагласи дека според меѓународните финансиски институции кај нас започнува период на закрепнување.




