Конечно убава вест за пензионерите: Ова сигурно ќе израдува многумина

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на утринската емисија на телевизија Алфа зборуваше за покачувањето на пензиите согласно новата методологија за раст на пензиите и за финансиската поддршка од изминатиот период за најранливата категорија на пензионери.
„Во моментот 13 200 денари е најниската пензија.

До септември оваа година имаме покачување од 24%, додека во изминатиот период согласно Законот за финансиска поддршка на социјално ранливите категории на граѓани беше исплатена материјална поддршка за 4 месеци од 1500 денари за пензиите од 11.525 денари и по 750 за пензиите од 11.526 до 14.000 денари“ рече Тренчевска.
Во однос на прашањата за барањата на пензионерите, министерката посочи дека јавноста и дел од пензионерите со повисоки примања не треба да ја злоупотребуваат ранливоста на пензионерите со најниски пензии за политички поени.\\

Ќе има нови мерки за финансиска поддршка на граѓаните, пакет антикризни мерки, а со Закон за минимална пензија ќе се заокружи процесот на реформи, најави во телевизиско гостување вицепремиерот, Фатмир Битиќи.
Тој посочи дека Владата предводена од СДСМ со системски решенија и навремени мерки го поддржувала стандардот на граѓаните и компаниите во време на кризи и така ќе продолжи и дека пензионерите ќе бидат дел од новиот пакет антикризни мерки.

Имаме разбирање за сите барања на пензионерите, затоа и минатата година и оваа година имаше антикризни мерки и пакети за поддршка, енергетски пакет, пензионерите ќе бидат опфатени и со новиот пакет антикризни мерки.
Заради тоа што имаме разбирање. Законски обезбедивме два пати годишно усогласување на пензиите и досега два пати се зголемија, значи дава резултат, пензиите растат. Ние сакаме системски решенија.

Дополнително со носење на нов Закон за минимална пензија ќе го заокружиме процесот на реформи. После тоа ќе зборуваме за многу поубави работи за пензионерите, рече Битиќи.




