Пред повеќе од две години во медиумите одекна веста дека Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо раскинаа по цели 24 години врска.
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
Во медиумите се шпекулираше многу за нивната разделба и за причината која доведе до крах но Данијела ниту еднаш не се огласи по тој повод.
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
Хрватскиот пејач веќе извесно време е во брак со Хана Хуљиќ, со која ја доби и ќерката Алба а Данијела е во љубовна врска со инспекторот Јосип покрај кого ја пронајде вистинската среќа.
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
Данијела неодамна даде интервју во кое ја коментираше својата одлука покрај пеењето да се испроба и во писателска дејност, а меѓу редови многумина протолкуваа дека изјавата која ја даде се однесува токму на Грашо.
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
– На деветнаесет години се запрашав која сум. Сите мислеа дека треба да скокам од радост, тогаш ја започнував мојата пејачка кариера, вкусив популарност. Но, имаше празнина во мојата мала душа. Зошто тогаш? Нешто во мене бараше поголемо значење. Меѓутоа, во тие години се плашев некому да го кажам она што го чувствувам, бидејќи веројатно ќе ми кажеа дека сум премлада за вакви прашања – изјави Данијела.
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
– Сега сум ослободена од самозагрозеност, од самоосудување, од самоотфрлање. Знаете, никој не може повеќе да не злоупотребува од нас самите, а тоа го сфатив само со искуство – изјави пејачката и многумина мислат дека ова се однесува на поранешното момче на Данијела.
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ