Конечно откри дали наскоро ќе застане на лудиот камен – Цеца ги шокираше фановите и кога кажа кој ја тера да носи куси здолништа
Познатата пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ веќе некое време е во врска со Богдан Срејовиќ.
Популарната фолк пејачка веќе скоро цела година се заедно, а многумина веќе се прашуваат дали Цеца планира повторно да застане на лудиот камен.
Токму затоа и новинарите постојано ја прашуваат за нејзиниот емотивен живот, а пејачката деновиве ги изненади сите.
Имено, на прашањето во врска дали повторно би се мажела и би ставила потпис во матичното, таа вели:
„Никогаш, зошто да се мажам? Па хартијата само ја расипува среќата. Јас веќе се мажев., видов дека тоа може да биде сјајно, фантастично, на мене сега хартијата не ми значи ништо и сакам да се забавувам“, изјави Цеца во емисијата „Гранд њуз“ и ги изненади сите со својот искрен одговор.
Пејачката во емисијата откри уште нешто интересно со што ги изненади своите бројни обожаватели. Имено, Цеца изјави дека нејзиниот син многу често ја советува каква гардероба да избере, па кога таа ќе реши да носи нешто кратко, тоа најчесто е нешто на што тој ја наговорил.
„За тоа ме има убедено мојот син. Тој ми вели: ‘Многу ме нервираш кога ќе се облечеш како бабичка во оние кошули, жено облечи мини здолниште, облечи се како што си се облекувала порано, зошто си се закопчала до грло“, раскажа искрено пејачката со насмевка на нејзиното лице.
Инаку, ова не и е прв пат на Цеца да изјави дека својата иднина со Богдан не ја гледа во брак и дека одлично и е да остане како што е.
„Еднаш се мажев и повеќе не планирам“, изјави балканската фолк дива во една пригода.
Бонус галерија
Цеца на одмор со Богдан во својата вила на Кипар
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ