Конечно излезе фотографија која кажува се за односот на Јелена Ѓоковиќ и свекрвата: Фановите изненадени од тоа што го гледаат, вакво нешто не очекуваат!
Ги закопаа воените секири...
Иако е добро познато дека Новак и Јелена Ѓоковиќ се во брак долги години и дека важат за еден од најхармоничните парови и ги имаат двете деца Тара и Стефан, но малку се знае за врската на Јелена со нејзината свекрва Дијана.
Многу се шпекулираше за односот на Јелена Ѓоковиќ и Дијана во јавноста дека тие не се во добри односи.
Беа објавувани и фотографии кои наводно покажуваат дека нивниот однос е нарушен, но на задоволство на фановите на Новак Ѓоковиќ, изгледа најважните жени во неговиот живот ги закопаа секирите и ги подобрија односите.
Иако нема многу заеднички фотографии од нив две многумина се обидоа од нивните зборови, движења, изрази на лицето да увидат дали нивната врска е пријателска и хармонична или се уште не се во добри односи.
Сепак, една фотографија открива колку навистина се совпаѓаат! Јелена и Дијана се сликаа за време на прославата во ресторанот, каде го славеа успехот на Новак, кога и официјално стана единствениот тенисер во историјата на тенисот кој освоил 23 грен слем титули.
На фотографијата Јелена е седната во скутот на Дијана, а и двете се смешкаа од уво до уво, среќни и горди!
Со ова дефинитивно ставија крај на приказните дека не се во добри односи.