Реклама
Холивуд

Конечно е откриено зошто сопругата го крие Михаел Шумахер

Реклама

Неговата сопруга не дозволува никој да го види…

Еден од најдобрите возачи на Формула 1 на сите времиња, Михаел Шумахер, пред речиси шест години доживеа несреќа на скијање во француските Алпи. Но од несреќата, па се до сега, информациите за неговата здравствена состојба се држат далеку од очите на јавноста.

Маркетинг

И ако досега не се знаеше зошто е така, сега се наведува дека главен виновник за тоа е неговата сопруга.

Имено, новите информации се појавија само неколку дена пред промоцијата на најновиот документарец посетен за најдобриот возач на Формула 1, „Приказна за Михаел Шумахер“.

Маркетинг

Имено, неговиот поранешен менаџер Вили Вебер кој зборува и во новиот документарен филм, објаснува зошто толку малку информации се достапни кои се поврзани со целокупната ситуација околу Шумахер.

Според него, за ваквата состојба во медиумите е виновна сопругата на легендарниот возач која ја крие вистината за неговото закрепнување.

Тој тврди дека многу пати се обидел да го види Шумахер, но неговите барања ги одбивала сопругата на Шумахер, Корина. Таа се плашела дека информациите за неговата состојба би можеле да дојдат до јавноста.

„Знам дека Шумахер доби силен удар, но за жал и јас не знам како напредува неговото закрепнување. Би сакал да знам како му е, да му ја стегнам раката, да му го помилувам лицето, но за жал Корина тоа не го дозволува. Таа најверојатно се плаши дека веднаш би истрчал и на сите би им ја кажал вистината“, зборува Вили, поранешниот менаџер на Шумахер, во документарецот.

Тој додаде и дека силно верува дека Шумахер ќе успее повторно да застане на нозе, бидејќи знае каков борец е, и дека доколку постои и најмала шанса за тоа, тој максимално ќе ја искористи. „Ова не смее да биде крај, се молам за него и уверен сум дека наскоро сите ќе го видиме“, вели тој.

Корина и Михаел во брак се од 1995 година, а со него го има синот Мика кој оди по стапките на својот татко. Тој неодамна ја доби наградата „Sportler mit Herz“, а со неговиот емотивен говор ги трогна сите.

„Отсекогаш сум сонувал да седнам во болидот во кој седеше мојот татко. Оваа година возев два кои ги возеше мојот татко. Седев дури и во истото седиште и што е најсмешно“, тоа како да е скроено за мене, изјави тогаш Мик.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button