Во 1997 година, Костарика му дозволи на големиот производител на сокови да ги фрла големите количини на кора од портокал во природата на едно истото место. Она што се случи во следните 16 години изненади многумина.
Имено, компанијата „Дел Оро” од Костарика не користи пестициди и инсектициди во одгледувањето, а во управувањето со отпадот мораше да се придржува кон одредени, строги правила. На нив им беше дозволено да го фрлат својот отпад само на места каде почвата е неплодна.
Иако организациите за заштита на природата потврдија дека сето тоа е во ред, се појави конкурентна фирма, „Тико Фрут“, која го прикажуваше ова како сериозен проблем и започна кампања против „Дел Оро“. Целата јавност се сврте против компанија која фрлила 12 тони кора од портокал на неплодната област, тврдејќи дека толку многу скапани остатоци од плодови нема да бидат добри за природата.
Но, тие не беа во право!
Повеќе од 15 години по овие настани, се гледа јасен резултат. Стерилната област каде што огромен кора од портокал беше фрлена се претвори во плодна почва со трева и цели шуми. Последната слика ја покажува разликата. На левата страна е областа каде што кората беше фрлена.