Нашата позната дизајнерка ја диктира модата за оваа есен

И додека првата дама на Македонија не освои со елегантното модно издание кое е одличен избор за деловни пригоди, една од нашите најпознати дизајнерки блескаше во своето невообичаено издание.
Имено, кожна црна јакна сама по себе е практично парче, но Кокев се одлучи да ја носи во многу посмело издание.
Кожната јакна некогаш беше печат на рокерскиот стил, но денес таа е многу повеќе од тоа. Таа едно од оние парчиња која секоја дама треба да ги има во својот плакар, а можете да ја носите како со фармерки и панталони, така и со фустани и здолништа и повторно да изгледате шик.

Таа е симбол на модерна силна жена и дава доза на страст и женственост во секое издание во кое што ќе ја носите.
Тоа многу добро го знае и Кокев, која ја носеше на отворањето на „Младихаб“ – канцеларијата што ја отвори претседателот Стево Пендаровски во Скопје, а која е наменета за слободното изразување на младите уметници. Таа на настанот се појави заедно со советничката на Заев, Ивана Хаџиевска, и првата дама на Македонија, Елизабета Ѓорѓиевска, а покрај кожната јакна носеше и преубав дамски фустан.
Во прашање е одмерен и женствен модел со мошне интересен дезен, а целото издание го заокружи со шик црна чанта и високи потпетици во пудра нијанса со што дополнително го нагласи својот женствен изглед.
Па, дали ви се допаѓа ова издание на Кокев?