Козметичарка даде отказ за да може ГОЛА да чисти по куќи – таа денес вработува 15 девојки!
Кога една бизнисменка од Единбург реши да ја стартува фирмата за чистење, му даде потполно ново значење на стриптизот, пишува „Дејли Меил“.
Таа денес вработува 15 голи чистачки, а еден час чистење го наплатува од 55 до 75 фунти во зависност од нивото на голотија што го бараат нејзините клиенти.
Пред да почне да вработува девојки, Викторија Марфи сама го тестираше пазарот. „Не сакав да го ставам персонал во ситуација низ каква самата немам поминато“ изјави оваа 25-годишна девојка која во Единбург живее со својот миленик, јазовичарот Луис.
Со диплома за организирање на настани и силна работна етика, Викторија сакаше да започне бизнис и почна да го разгледува Секторот за услуги за возрасни.
Од козметичарка, до сопствен бизнис
Работејќи како козметичарка, таа случајно сретнала американска компанија која нудела услуги за чистење во кои чистачките се целосно голи додека чистат, па тогаш ја добила идејата за нејзината компанија „Glimmer“.
„Знаев дека сакам нешто што би било забавно и ризично, но не и екстремно”, вели таа. „Ние не сме ескорт служба… Она што го нудиме е забавно и заводливо”, вели додавајќи дека ништо лошо не се случило кога самата го правела тоа некое време, ниту пак на некоја од нејзините девојки.
„Glimmer“ нуди три нивоа на чистење – во долна облека за 55 фунти по час (нешто помалку од 4000 денари), топлес – 65 фунти и потполно голи за 75 фунти на час.
„Никој од моите вработени не треба да работи ништо од што би се чувствувале непријатно“, вели Викторија, додавајќи дека клиентот ја избира опцијата која што ја преферира, а потоа може да ја избире и чистачката.
Се рекламира на Фејсбук и Инстаграм
Последен пат кога објави реклама за голи чистачки, добила повеќе од 100 пријави. „Најважно ми е да има професионално искуство во чистење”, вели таа, додавајќи дека кандидатките мора да имаат добри карактерни особини поради комуникација со клиентите, но исто така и да се чувствуваат добро во сопствената кожа.
https://www.instagram.com/p/Bvis6xihWbR/
Викторија исто така беше изненадена од разновидноста на клиентите. Таа вели дека некои се во триесеттите години, но некои дури и во 80-тите години од својот живот. „Многу од нив живеат сами, а многу постари господа се доста осамени, па затоа е важно искуството да биде забавно и чистачките да разговараат со нив”, додава таа.
Таа вели дека имаат и машки чистачи, но жените ретко ги бараат – и тоа е нешто што се обидуваат да го поправат.
Има поддршка од семејството
И покрај тоа што се занимава со пикантна дејност, нејзините пријатели и семејството ја поддржува. „Тие разбираат дека ова е моето дете”, вели таа. „Имам доволно време да им објаснам на луѓето дека ова е сериозна работа за чистење”.
https://www.instagram.com/p/BvUwnzqBkNB/
Социјалните мрежи, особено Инстаграм, помогнаа многу во рекламирањето на нејзината компанија „Glimmer“.
„Не можеме едноставно да го оставиме рекламниот материјал пред нечија врата, бидејќи ние не сакаме да навредиме некого, па затоа користиме реклами преку социјалните мрежи, а се огласуваме и во бесплатните огласи секогаш кога можеме“, вели таа. Таа додава и дека сака да се прошири во целата земја, но сега ја разгледува и идејата за голи мајстори, за кои смета дека би можеле да ги привлечат жените бидејќи сега клиентите претежно и се од машки род.
„Се уште работам привремено и како козметичарка, и тоа во главно средувам нокти, но одлучив да успеам во оваа работа и затоа многу работам“, вели таа.