Кога ѝ беше загрозено здравјето мораше да ги смени – како Цеца изгледаше пред бракот со Аркан и првата естетска операција
Светлана Цеца Ражнатовиќ е препознатлива по својот одличен глас, бројните хитови, но и големите гради. Оваа балканска фолк дива никогаш не криеше дека има вградено силикони, но малкумина се оние кои го следат ликот и делото на пејачката, а да не се сеќаваат како изгледаше пред естетските корекции.
Меѓутоа, Цеца два пати ги намалуваше градите, еднаш поради здравствени причини, а втор пат поради изгледот. Пре две години, нејзините силиконски импланти ги дотера познат бразилски лекар, за што и јавно зборуваше.
– Сакав поинаква естетика, промена на визуелниот идентитет и нешто што е повеќе во склад со трендовите, а да бидам искрена, и со мојата возраст. Интервенцијата не е комплицирана, многу брзо се опоравив – рече Цеца, која во 2012 година, по првиот ремонт на силиконите изјави:
-Вистина е дека имав хируршки зафат на градите. Тоа пред се морав да го направам од здравствени причини. Операцијата ја искористив за да ги намалам градите, но пред се ми беше важно да се ослободам од здравствениот проблем.
Еве како Светлана Ражнатовиќ изгледаше пред да вгради силикони и пред бракот со Жељко Ражнатовиќ Аркан:
https://www.instagram.com/p/BCDNNTpQChc/?utm_source=ig_embed
Овој спот на Цеца покажува како таа изгледаше без импланти и во бременоста