Кога ќе видите каква тетоважа направи Mартин од „Некст Тајм“ ќе се изненадите (посебно ако сте љубител на животни)
Можеби не сте знаеле, но Мартин и Стефан се големи љубители на животни
Близнаците Мартин и Стефан кои го сочинуваат дуото во познатиот македонски бенд „Некст Тајм“ од пред извесен период во својот дом чуваат две кучиња, од кое едното, Блеки, „заврши“ како тетоважа на раката на Мартин.
Имено, Мартин деновиве се пофали со својата нова необична тетоважа што ја има на раката.
Во прашање е тетоважа со ликот на Блеки, неговото куче миленик кое што го посвои пред некое време.
Тој на својот профил досега повеќе пати имаше објавено фотографија од своето кутре кое го најде на улица и го вдоми, и очигледно за кратко време толку се приврза со него што реши и да го тетовира неговиот лик, а со што ги изненади неговите обожаватели на социјалните мрежи.
„И така Блеки ми влезе под кожата благодарение на најдобриот тату артист Горан Мичиќ“, напиша Мартин.
Погледнете уште неколку фотографии од рокерот Мартин со неговата нова љубов во животот – кутрето Блеки.