Кога таа се појави со длабокиот шлиц, сите останати дами останаа во втор план – големо БРАВО за Лила!
Познатата водителка во издание како за во Холивуд

Лила вчера на црвениот килим блескаше како никогаш досега
Лила Филиповска се појави во црната гламурозна тоалета со шлиц до колковите на Светскиот ромски бал и го украде шоуто.
Таа позираше занесно на црвениот килим, а многумина беа воодушевени од ова нејзино „глам“ издание.
Таа цело време не ја тргаше насмевката од лицето, а очигледно беше и свесна за својот добар изглед, па со сите се фотографираше.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Креацијата што ја носеше беше со длабок шлиц така што Лила ги истакна нозете во преден план, додека целото издание го зачини со впечатлива шминка и преубава фризура која се вклопи со целото издание.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
На нозете носеше елегантни црни сандали со тенки високи потпетици, а како изгледаше во ова свое издание, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Благодарение на раскошниот дизајн Лила изгледаше гламурозно и фатално во исто време и заблеска како никогаш досега.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Во ова издание слободно можеше да се појави и во Холивуд, а објави и интересно видео од настапот на Теа Таировиќ.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Имено, Лила беше во првиот ред и го сними длабокиот шлиц на пејачката од блиску додека таа занесно танцуваше на сцената, а како изгледаше и овој момент погледнете на следниот линк:
Шлиц до папокот, ништо не остави на фантазијата – лудница во Скопје, Теа го запали градот (видео) >>