Кога таа се појави на сцената во Гранд, сите замолчеа, па следуваше громогласен аплауз – нејзиниот ментор рипаше од среќа
Настапи со песна од Калиопи
Младата пејачка Зорја Пајиќ (24) од Белград ги воодушеви сите со својот последен настап во „Ѕвездите на Гранд“.
Натпреварувачката на сцената се појави со шешир на главата, облечена во црно од глава до пети. Пајиќ на грандиозната сцена настапи со две песни – „Јесен у мени царује“ од Парњи Ваљак и „Црно и Бело“ од Калиопи.
Нејзиниот ментор Мили беше воодушевен од нејзиниот настап, а исто така и останатите членови на жирито.
Таа се натпреваруваше со Филип Јовановиќ и задно во дуелот и двајцата освоија по шест гласа, но сепак Филип помина директно в следниот круг.
Еве како Зорја изгледаше на сцената:
Инаку, по нејзиниот генијален настап во еден од претходните кругови многу медиуми објавија дека Зорја е еден од најсериозните кандидати за победа во популарното шоу. Таа е омажена за помладиот брат на актерот Милан Пајиќ, кој публиката го обожава по неговите генијални улоги во новите популарни српски серии.
Неверојатна животна приказна!
Таа завршила музичка академија, отсек виолина, но морала да настапува на улица за да ги финансира студиите.
Почнала да пее на пазарот во Нови Сад, а потоа полека се приближувала до главниот плоштад.
По некое време се преселила во Белград, каде пеела на познатата Кнез Михајлова.
Иако се школувала за виолина, таа отсекогаш сакала да пее и извесно време се занимавала со етно пеење.
Фото: Инстаграм/ Зорја Пајиќ
Фото: Инстаграм/ Зорја Пајиќ
Фото: Инстаграм/ Зорја Пајиќ
Фото: Инстаграм/ Зорја Пајиќ
Фото: Инстаграм/ Зорја Пајиќ
Фото: Инстаграм/ Зорја Пајиќ
Фото: Инстаграм/ Зорја Пајиќ
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Зорја Пајиќ
Фото: Инстаграм/ Зорја Пајиќ
Фото: Инстаграм/ Зорја Пајиќ