Кога синот ќе го надрасне тато – Стојанче Ангелов го покажа наследникот и соопшти прекрасна вест
Синот на директорот на ЦУК е негова копија.
Ангелов соопшти убава вест на социјалните мрежи.
Стојанче Ангелов е еден од ретките политичари во Македонија кои отворено зборуваат и за својот приватен живот.
ФОТО: Фејсбук / Стојанче Ангелов
Честопати на социјалните мрежи има објавено фотографии и видеа од своите најблиски.
Во брак е со Јасминка Ангеловска која е дел од МВР, а нивната љубов трае 20 години.
„20 години заедно. 20 години љубов, почит и страст. Љубов крунисана со две најубави деца на свет. Деца кои потпораснаа за миг и веќе се тинејџери. А ние го искористивме овој голем ден за нас за планинарење низ падините на Шар Планина“, напиша Стојанче за нивната годишнина.
Маркетинг
ФОТО: Фејсбук / Стојанче Ангелов
Јасминка и Стојчане имаат по една ќерка од претходните бракови, а заедно имаат син и ќерка.
Нивниот син Марко годинава е средношколец, па гордиот татко се пофали на Фејсбук.
ФОТО: Фејсбук / Стојанче Ангелов
Тој објави нивна едничка фотографија направена на првиот училишен ден годинава, а на која може да се забележи дека Марко многу наликува на својот татко, но и дека го надраснал.
„Синот Марко од денес средношколец. Едвај го убедив да го испратам до школо“, напиша Стојанче во опис.