Кога се појави на Широк сокак, цела Битола се вртеше по водителката – овој детаљ беше виновен за тоа
Водителката на Канал 5 во преубав пролетен фустан

Во плакарот на Милена преовладуваат фустани кои во комбинација со нејзиниот природен шарм секогаш прават магија.
Нашата позната водителка Милена Антовска-Станковска никогаш не греши кога е модниот избор во прашање.
Нејзиниот елегантен стил никого не остава рамнодушен, а со овој макси фустан дефинитивно не освои на прв поглед.

Таа е една од оние наши познати дами кои секогаш можат да ни послужат како инспирација кога е модата во прашање, а ова модно издание дефинитивно е нешто што ќе и се допадне на секоја жена.
Нејзиниот префинет стил зрачи со женственост и елеганција, а во овој пролетен фустан изгледа како на некоја разгледница.

Шармантната водителка снимаше емисија на Широк сокак во Битола и за оваа пригода избра преубав „макси“ фустан.
Кројот беше таков што рамениците на Милена и беа речиси целосно откриени, додека здолништето откриваше само дел од нозете.

Но она што го прави овој фустан посебен е неговиот неодолив цветен дезен со кој Милена едноставно блескаше.
Направен е од пријатен материјал и нежно плисирано здолниште кое може да го сокрие вишокот килограми, така што е совршен за секоја дама што ги сака цветните дезени.

Може да се носи со рамни обувки, сандали и високи потпетици, а Милена го комбинираше со бели салонки.

Водителката својата коса ја пушти благо да паѓа на нејзиното тело, а целото издание го зачини со црвен кармин и нејзините очила.

Па, доколку ви се допаѓа ова издание и ги сакате цветните фустани, погледнете ги модели од новите колекции на познатите „хај-стрит“ брендови за кои се инспириравме од овој пролетен аутфит на една од нашите најпознати и најубави водителки.
Reserved
H&M
Mango
Zara
Zara
Zara
Mango
Mango
Mango