Кога сакате да носите вакво деколте (слично деколте „фураше“ и Дани Димитровска на Златна бубамара) еве што НЕ смеете да правите!
Од нив не треба да очекувате да бидат закопчани до грло…
Од актерката Џеки Круз ѕвезда во серијата „Orange is the new black“, па се до манекенките Данијел Брага и Девон Виндзор, погледнете како изгледаа дамите на „amfAR Gala“ забавата во Њујорк, но со фокус на нивните деколтеа.
Фустанот што го носеше Џеки максимално ги истакна нејзините гради, а бидејќи не носеше градник облеката и беше прицврстена за телото со лепливи ленти. Но и покрај таквите ленти воопшто не е лесно да носите ваков фустан и притоа да не покажете повеќе од планираното.
Затоа наш совет е кога носите ваков отворен фустан или пак на пример сако без градник како манекенката Данијел Брага, обидете се да не правите брзи движење и чекорете самоуверено и исправено.
https://www.instagram.com/p/Bfiqbs_AZS5/?taken-by=danidimitrovska
Фустан со слично деколте носеше и Дани Димитровска на „Златна бубамара на популарноста“ кога со својот провокативен изглед беше во центарот на вниманието. Но токму тоа е и предноста на креациите кои го ставаат овој дел од женското тело во преден план – правилото е да не се преминат границите на пристојноста и успехот секогаш ви е сигурен.
Погледнете ги и останатите девојки од њујоршката amfAR Gala забава кои не изгледаа ништо помалку провокативно.