Кога нашата позната водителка во кусо фустанче ќе ги прекрсти нозете ГЛЕДАЧИТЕ НЕ МОЖАТ да го одвојат погледот од телевизорот
Нашата позната водителка Вера Мештеровиќ со комбинацијата што ја носеше го истакна своето занесно тело.
Нејзината all-black комбинација на прв поглед изгледаше мошне едноставно, но воедно и совршено.
Поранешната манекенка Вера Мештеровиќ која од неодамна ја гледаме и на нашите мали екрани како водителка на утринска програма за кратко време стана една од омилените телевизиски лица во Македонија.
Таа со своето последно издание ги маѓепса гледачите, а истото се случи и откако објави фотографии на социјалните мрежи.
Комбинацијата со која што водителката го истакна своето убаво тeлo на прв поглед изгледа едноставно, но во исто време и совршено.
Шармантната Вера на себе носеше црн фустан со длабок шлиц под кој се гледаше дека носи мрежестите хулахопки, а целото издание го зачини со високи кожени чизми со тенки високи потпетици.
Во преден план беа нејзините долги нозе од кои многумина не можеа да го тргнат погледот, како нејзиното дeкoлте кое и покрај тоа што беше закопчано, таа дополнително го истакна со големиот кожен ремен.
Никој не остана имун на оваа нејзина појава, со која ги воодушеви гледачите, а следуваа и бројни коментари на Инстаграм.
„Сакам да се поклонам пред вашите убави нозе во мрежести хулахопки“, и порача еден обожавател на Вера.
Како таа изгледаше во ова издание, но и неколку други нејзини комбинации погледнете во галеријата.
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ