Реклама
Наши ѕвезди

Кога е со нив, тој е најсреќниот човек на светот – Спасен Силјаноски вака му се радува на животот (фото)

Тие се неговата најголема слабост, но и најголема среќа

Реклама

Гордиот татко е пресреќен кога е со нив

Шармантниот Спасен Силјаноски важи за еден од нашите најпознати фолк-пејачи од помладата генерација.

Публиката го обожава, како во Македонија, така и во дијаспората, и важи за пејач кој секогаш ги крева сите на нозе.

Маркетинг

Впрочем тоа можеме да го видиме и од социјалните мрежи каде чести вртат видеа од веселби и настапи на кои што тој пее, и на кои секогаш атмосферата е на ниво, а гостите распеани.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Но Спасен и покрај тоа што е голема ѕвезда, важи за скромен човек на кого најважно од сé му е неговото семејство.

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски

Тој одвреме-навреме на Инстаграм објавува фотки и снимки од семејниот живот, на кои секогаш изгледа највесело.

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски

Така беше и овој пат кога објави една фотографија на која се гледа како се шета заедно со својата ќерка и син.

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски

Пејачот ги држи за рацете и блеска во нивна близина, а и неговите дечиња се радуваат што заедно го минуваат времето.

Фотографијата најверојатно ја направи неговата сакана Ана, сопругата за која вели дека го освоила со добрина и љубов, но и грижа и тоа токму во моментите кога му било најтешко во животот.

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски

Таа и нивната ќерка го имаат главниот збор во нивниот дом, а како изгледа гордиот татко кога е со нив, погледнете од фотографијата што следува во продолжение…

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски

Инаку, Спасен во една пригода во интервју за Гламур магазин (види тука) откри дека сака слободното време да го помине со сопругата и децата, но и дека најубаво му е во селото од каде што потекнува и кога е опкружен со убавините на кичевскиот регион.

„Времето најчесто го користам за да го поминам со сопругата и со децата. Многу сакам да појдам во селото од каде што потекнувам, да ги видам убавините на моето Кичево , да шетам по Пополжани, да возам велосипед, така се полнам емотивно“.

Спасен во своето село (Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски-

„Исто сакам да ги посетам и нашите христијански православни храмови како манастирот Св. Пречиста кој е мојот духовен дом исто и Бигорскиот манастир. Едноставно слободното време го користам за да наполнам батерии бидејќи нашата работа е стресна“, изјави популарниот пејач во една пригода за Гламур магазин.

Целото интервју со Спасен во кое ќе откриете каков е тој и во приватниот живот, прочитајте го тука

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button