Кога Дамјан ќе викне никој не останува рамнодушен – погледнете што направија во публика, срцето на пејачот полно
Овој викенд се одржуваше 33. издание на „Денови на кочанскиот ориз“. Фестивалот започна спектакулано со концерт на поп пејачката Каролина Гочева, во градот на белото злато, со богата програма кочанчани пречекаа бројни гости од Црна Гора, Србија, Унгарија, Бугарија, како и гости од многу градови од Македонија.
Манифестацијата беше затворена во Оризари со традиционалното зажнејување со присуство на жетварската убавица.
А на крајот заврши весело со песната на Дамјан Стојановски.
Откако Дамјан излезе на сцената мирната публика го пречека со силни овации. Се заврте македонско оро, сите беа многу радости затоа што организаторите одбрале еден од најомилените пејачи на македонска народна песна.
Еден по еден се приближуваа да се фотографираат со него, од 7 до 77 години. Сите му пристапуваа и му велеа дека сите го скакаат во Оризари, а тоа се покажа и во текот на неговиот настап.
Дамјан имаше концерт од еден час. Ги испеа најубавите македонски песни. Дворот на црквата свети „Атанасиј Велики“ беше претесен за публиката.
Пејачот се појави во кежуал варијанта тегет панталони и црна јакна. Со неговата скромност и пријатна енергија секогаш ја опива атмосферата. Кога викна со неговиот продорен глас никој не остана рамнодушен. Од најмали до најстари пееја со него.