Реклама
Наши ѕвездиСтил

Кога водителката Лила ќе се прошета во проѕирно здолниште, цел град се врти по неа (фото)

Еден детаљ од ова издание сите ги изненади

Реклама

Познатата водителка Лила Филиповска важи за една од оние дами кои секогаш се убаво облечени и кои внимаваат на секој детаљ.

А тоа дека Лила има префинет вкус за мода можевме да го видиме и деновиве со едно од нејзините последни модни изданија.

Имено, убавата водителка својата модна посветеност овој пат ја покажа во едно дневно издание со кое никого не остави рамнодушен.

Маркетинг

Принтскрин/ Јутјуб

Таа овој пат избра да носи ризична, проѕирна, црна тоалета, а многумина беа изненадени и од начинот на кој ја носеше.

Маркетинг

Ваквите ефективни фустани и покрај тоа што можат да покажат и што носите под нив, тие сепак успеваат да ја задржат елегантната нота, а нашата фатална „бунтовничка“ ја носеше со спортски патики.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Таа со ова покажа уште едно шик издание во кое нејзините бројни следбеници можеа да уживаат, а во кое изгледаше неодоливо.

Инстаграм/ Лила Филиповска

И едноставно затоа каде и да помине оваа дама никој не може да го тргне погледот од неа, посебно кога блеска со вакво расположение.

Под потполно проѕирното здолниште блескаа и белите патики од познат бренд, со кои шармантната водителка му внесе живот на ова монохроматско издание на еден сосема поинаков начин и го направи одличен избор и за преку ден.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Таа својата модна умешност ја покажа и со изборот и на останатите детали, а во фокусот беше и нејзината голема чанта.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Станува збор за модел од една од најскапите и најпознатите модни куќи, а целото издание го заокружи со огрлица и шик очила за сонце.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Па, од еден до десет, како би го оцениле ова издание на Лила?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button