Кога во Македонија на свадба ќе се појави оваа девојка настанува хаос – вакво нешто не сте виделе
Младата виолинистка стана главна атракција на свадбените веселби во нашата земја
Нов тренд на свадбите – виолинистка која знае да засвири и на свадба
Кога Сања Здјелар ќе се појави со својата виолина, настанува еден од најубавите моменти на секоја свадба на која што ќе ја поканат.
Таа на ваквите прослави се појавува како специјална гостинка, за да ја подигне атмосферата, а гостите секогаш се воодушевени.
Оние што присуствувале на нејзините настапи, велат дека Сања прави таква веселба каква не можат ни оние со зурли и тапани.
Фото: Инстаграм/ Сања Здјелар
Препознатлива по тоа што покрај виолината на своите настапи го носи и македонското знаме, младата виолинистка која што ја негува традицијата е вистинска атракција на свадбените веселби.
Фото: Инстаграм/ Сања Здјелар
Се повеќе млади ширум државава ја бараат да свири на најважниот ден во нивните животи, а гостите се воодушевени.
Фото: Инстаграм/ Сања Здјелар
На нејзиниот профил на Инстаграм можат да се види како изгледа кога оваа дама со виолината им го свири првиот танц на младенците, но и како со македонското знаме ја крева атмосферата.
Фото: Инстаграм/ Сања Здјелар
Таа со својата виолина преработува песни што се светски хитови, но ја негува и македонската традиција.
Фото: Инстаграм/ Сања Здјелар
Сања има завршено музичко образование, а за време на карантинот дошла до идеја да преработува популарни хитови.
Потоа нејзината идеја спонтано почнала да се развива во друг правец, а по укинување на мерките, кога почнале да се организираат веселби по рестораните, почнале да ја бараат за настапи.
Фото: Инстаграм/ Сања Здјелар
И така спонтано, од човек на човек, луѓето почнаа да дознаваат за неа и заради нејзината уникатност да ја викаат на свадби.
Фото: Инстаграм/ Сања Здјелар
Како изгледа на нејзините настапи погледнете во продолжение: