Коби Брајант непосредно пред кобниот лет со ќерката бил во црква: Му се помолија на Господ, па заминаа во легендите!
Како Црната Мамба да претчувствуваше дека ќе се случи нешто лошо…
Целиот свет се уште не може да се помири со трагичната вест дека кралот на кошарката Коби Брајант и неговата ќерка Џијана (13) ги изгубија животите во хеликоптерската несреќа што се случи вечерта на 26.јануари. Во несреќата животите ги изгубија уште седум членови на посадата.
Светски познатиот „Дејли Мејл“ објави податок од кој на многумина им поминаа морници низ телото. Имено, тие објавија дека Коби пред кобниот лет ја однел својата ќеркичка во црква. Малата Џијана сите ја сметаа за негова наследничка, бидејќи беше мошне талентирана за кошарка.
Тие само неколку часа пред страната несреќа биле во црква, по што требало да заминат на кошаркарски турнир на кој со својата екипа учествуваше и Џијана. Портпаролот на католичката црква „Our Lady Quueen of Angels” u во Њупорт Бич изјави дека тие заедно се молеле на мисата во раните утрински часови од седум наутро.
Свештеникот за време на мисата ги извести сите дека имаат чест што легендарниот поранешен кошаркар и неговата ќерка се присутни на мисата, а тоа на своите профили на социјалните мрежи го споделија и неколку верници.
По излегување од црквата, Коби и ќерката се качија во хеликоптерот, кој ги однесе во легендите.