Која е црнокосата убавица од спотот на ДНК за која сите зборуваат? Изгледа брутално во ова издание
Најдоброто од нашата музичка сцена, но и една убавица која никого не остави рамнодушен
Не помина ни една недела од објавувањето на спотот на новата песна „Чаршија“ на момците од ДНК, а истата веќе е хит.
Оваа песна дефинитивно ги израдува нивните фанови, но и сите останати, а освојува уште на прво слушање.
Песната веднаш се најде во трендинг листите во Македонија, а во истата гостуваат и хармоникашот Мишел Трајковски и Бока Конга. Покрај музиката и стиховите што допираат до секој, а кои потсетуваат и на претходните два проекти на Панчо и Андреј, „Ако утре ме нема“ и „Животе брате“, нивната публика е воодушевена и од спотот кој се снимаше во скопската стара чаршија.
Принтскрин/ Јутјуб
Во спотот се појавуваат и две наши познати убавици, поранешната манекенка и водителка од Канал 5 телевизија, Вера Мештеровиќ, како и моделот и модната инфлуенсерка Драгана Спасовска која со своите 400.000 фанови важи за една од најпознатите Македонки на Инстаграм и која веќе десетина години живее и работи во Дубаи.
Принтскрин/ Јутјуб
„ДНК си ги реди хитче по хитче, ајде да ја чекаме следната со Врчак“, „Супер“, „Одлично работите, продолжете“, „Маестро Мишел и ДНК“, „Браво, продолжете со нови македонски хитови“, се само некои од позитивните реакции што можат да се прочитаат под ова ново музичко ремек-дело на нашите познати музичари.
Принтскрин/ Јутјуб
Инаку, Драгана и порано се има појавено во спотови на македонски, но и бугарски изведувачи, бидејќи таа по мајка е Бугарка.
Од друга страна Вера, поранешната Мис на Македонија која прва ја освои оваа титула по осамостојувањето на нашата држава, исто така се има појавено во музики спотови, и тоа на групата Галија (Нешто ме гони) и на Владо Јаневски за неговата позната песна „Откако си негова“.
Па, секоја чест за сработеното!