Реклама
Холивуд

Клои Кардашијан ги разочара фановите: „Ова е најлошото издание што сме те виделе досега“

Реклама

Сестрите Кардашијан-Џенер овој викенд се собраа на фестивалот Коачела каде сопругот на Ким Кардашијан, раперот Канје Вест, одржа голема прослава по повод Велигден.

Сестрите за оваа пригода се усогласија во едноставни, но тренди „слип“ фустани со кои тешко можете да погрешите, но очигледно и тоа не е проблем кога се Кардашијанките во прашање.

Маркетинг

Имено, Клои Кардашијан сепак успеа да го направи и тоа бидејќи елегантниот фустан го носеше со робусни „Timberland“ кафеави чизми, поради што беше предмет за потсмев на социјалните мрежи.

 

 

„Клои Кардашијан нема ни грам стил“, „Кога се чувствувате лошо, само сетете се на Клои кога носеше Тимберланд чизми со сатенски фустан”, „Не можам да верувам дека Клои на Коачела носеше Тимберланд чизми, а камоли со овој фустан,” – ова се само се некои од модните критики на сметка на промашениот изглед на Клои.

https://twitter.com/queen_biird/status/1120340805216956416

 

Таа и покрај тоа што е добро позната по нејзината одлична комуникација со обожавателите на социјалните мрежи, овој пат ги игнорираше и му одговори само на еден твитераш кој го пофали нејзиниот изглед.

 

„Клои, изгледаше прекрасно во неделата. Се прашувам како некој може да биде толку убав”, пишуваше во коментарот што Кардашијанката го сподели преку својот профил на Твитер и му се заблагодари на убавите зборови.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button