Која ќе биде новата сурогат-мајка на Ким Кардашијан?
Четвртото дете на познатиот пар дефинитивно нема да го роди жената што ја роди малата Чикаго

Како што пренесува британскиот портал Метро четвртото дете на Ким Кардашијан ќе го роди друга мајка, а не како што се очекуваше Ла Рајна Хејнес која во јануари минатата година на свет ја донесе малата Чикаго, третото дете на Ким Кардашијан и реперот и дизајнерот Канје Вест.
Само да потсетиме, деновиве во јавност се појавија информации дека познатата двојка очекува бебе кое треба да му се приклучи на семејството во мај, а целата приказна исто така, на својот Твитер ја сподели и уредничката на познатиот интернет магазин „Us Weekly“, Џен Перос.
https://www.instagram.com/p/Br3l0Qynuwm/
Сепак, претходно споменатата сурогат мајка и самата за Божиќ доби ќерка на која посебно се веселат нејзините двајца постари браќа и поради тоа нема да биде можно.
https://www.instagram.com/p/BrgrTBDHmI7/
„Да се има сурогат мајка е поинакво искуство, но секој што вели или мисли дека тоа е полесен начин не е во право. Луѓето претпоставуваат дека тоа е подобро, бидејќи на тој начин не мора да се соочат со физички промени, болка или компликации при раѓањето, но за мене навистина беше тешко да не го носите сопственото дете, особено откако ги родив Норт и Сент “, изјави Ким кога на свет дојде малата Чикаго.



