Ким и Блејк на ист настан во речиси идентични фустани – на која и стои подобро
Ким Кардашијан и Блејк Лавли седеа во првите редови на претставувањето на новата колекција на Версаче за есен 2019 во Њујорк.
И двете дами се сметаат за модни трендсетерки, а за оваа прилика се појавија во многу слични изданија што ги „фураа“ на нивниот препознатлив начин. За оваа пригода, Ким Кардашијан избра сребрен мини-фустан од Ателје Версаче, прилагоден по нејзина мерка и украсен со розови кристали, со што ја нагласи нејзината женствена фигура во форма на песочен часовник. Со мини-фустанот од истакнато деколте, таа носеше само две тенки синџирчиња (огрлици) со крст, а целото издание беше заокружено со транспарентни високи потпетици од брендот на нејзиниот сопруг, „Jeezy“.
Блејк Лавли пак, избра сребрен фустан од Версаче со пократок преден дел долг шлеп, кој го истакна нејзиниот гол грб. И додека Ким ја носеше косата во висок коњско опавче, Блејк одлучи да ги распушти своите витканици.
Американската актерка својот фустан го носеше со високи потпетици украсена со кристали од миленикот на жените, Кристијан Лубутин, но и со огромни обетки и многу нараквици, кои таа често сака да ги носи.
https://www.instagram.com/p/Bq7QuqJFiMa/?utm_source=ig_embed
Па, кој од овие две дами подобро го комбинираше сребрениот фустан на Версаче?