Кејти Холмс се прошета во издание со кое покажа и премногу – шок за фановите, но и големо изненадување за брендот !
По љубовниот крах Кејти повторно е во центарот на вниманието, но овој пат можеби откри и премногу
Познатата актерка Кејти Холмс последните недели ги полни медиумите поради раскинувањето на шестгодишната врска со оскаровецот Џејми Фокс. Но овој пат таа се најде во центарот на вниманието на медиумите поради своето провокативно издание – раскопчан елек во кафеава нијанса под кој носеше потполно соодветен градник од кашмир.
Во прашање се модни парчиња со потписот на њујоршкиот бренд „Khaite“, а градникот од кашмир има цена од околу 500 евра. Претставниците на брендот открија дека споменатиот градник, по објавата на фотографијата на Кејти на Инстаграм, се распродал за само еден час.
Со ова убавата холивудска актерка е на добар пат да стане и модна инфлуенсерка, а за тоа доволно зборува и интересот што го создаде меѓу бројните обожаватели и со своето модно издание од минатата недела.