Кејт Мидлтон конечно се појави, но овој детаљ не помина незабележано – што се случува со војвотката?!
Кејт и Вилијам видено на едно од нивните омилени места, во близина на куќата во која што живеат вее некое време
Папараците конечно ја „фатија“ Кејт Мидлтон
И додека теориите на заговор за исчезнувањето на Кејт Мидлтон се уште кружат низ целито свет, се појави нова фотографија од војвотката
Облечена во спортска блуска и хеланки таа беше фатена од папараците додека се шеташе на паркингот од продавницата во близина на фармата. Оваа снимка се појави само неколку часа откако британскиот „The Sun“ ексклузивно откри дека Кејт Мидлтон (42) која што ја нема од Божиќ, саботата била во шопинг со принцот Вилијам (41) во Виндзор, а следниот ден ги гледала своите деца, принцот Џорџ (10), принцезата Шарлот (8) и принцот Луи (5), како се занимаваат со спорт.
Ова е прво појавување на Кејт по фотошопираната фотографија која предизвика скандал во целиот свет, како и по бројните теории за нејзиното здравје и ситуацијата воопшто заради која е тема број еден во светот. Од снимката може да се види дека војвотката е видно расположена додека се шета покрај својот принц, а некои забележаа и дека изгледа поприлично слабо.
EXCLUSIVE: Princess Kate seen on video for first time since surgery – and she’s looking great! Watch it here: https://t.co/zJALDJ05BV https://t.co/zJALDJ05BV
Маркетинг— The Sun (@TheSun) March 18, 2024
Од друга страна постојат и такви кои се сомневаат дека на овие папарацо снимки е војвотката, посебно подучени од претходното искуство и скандалозната фотографија што неодамна се појави во медиумите, а која потоа со извинување беше повлечена од самата кралска палата.
Is that really her? Looks nothing like Kate Middleton #KateGate https://t.co/8OmydWO5wD pic.twitter.com/arK38Cz7ca
— CrazySaguaro 💙🌵 🐻⬇️ (@TheCrazySaguaro) March 18, 2024
Имено, во Британија многумина се уште не се сигурни дека на овие фотографии навистина е нивната принцеза од Велс, посебно по бројните контроверзи, па во коментарите под објавите на социјалните мрежи можат да се прочитаат нивните сомневања.
Потсетуваме, Кејт последен пат во јавноста беше видена за Божиќ, а се очекува на своите должности да им се врати на 17 април.
Но постои претпоставка дека таа би можела да им се врати на обврските и порано, а ова нејзино појавување зборува во прилог на тоа, така што таа би можела наскоро да се појави и на службата за Велигденските празници во црквата Свети Георги во Виндзор.