Реклама
Холивуд

Кејт Мидлтон изгледа потполно идентично во овој капут што го носеше и пред пет години, пред да ги роди Шарлот и Луис

Реклама

Војвотката од Кембриџ уште еднаш успеа да нè воодушеви носејќи стари парчиња.

Фото: EPA-EFE, Getty Images

Имено, Кејт Мидлтон на прославата на Денот на Комонвелтот во канадската амбасада во Лондон, се појави во изданието што последен (и прв) пат го „фураше“ пред пет години, за време на официјалната посета на Нов Зеланд.

Маркетинг

Во прашање е прекрасен црвен капут со потписот на Кетрин Вокер кој Кејт го комбинираше со шапка во иста боја и со сива шик плико чанта и салонки.

Маркетинг

Капутот во страсна црвена боја беше вистинско освежување од зелените изданија кои ги зареди во последно време, но и доказ дека црвената боја и стои одлично.

Сепак, мораме да признаеме дека од последниот пат кога го носеше овој  прекрасен капут, Кејт успеа да ја задржи својата витка линија иако во меѓувреме роди уште две деца – принцезата Шарлот и принцот Луис.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button