Се уште се зборува за кралската венчавка и секако главна тема е венчаницата што ја носеше убавата Американка, а што ја осмисли модниот бренд Живанши.
Меган ги изненади сите со изборот на минималистичкиот фустан со голи раменици што ја дизајнираше француската модна куќа и која што од неодамна ја води британската модна креаторка Клер Вејт Келер која воедно е и првата жена на чело на овој бренд. Меган изгледаше прекрасно во фустанот, а комбинацијата ја надополни со дијамантска тијара и долг вел на кој беа извезени автохтони цветови од 53 држави од Комонвелтот. Во велот беа додадени и два цветови што ги избра Меган, и тоа еден Chimonanthus praecox, кој расте пред Nottingham Cottage куќата во која што живее со принцот Хари, и калифорнискиот златен афион, односно официјалниот цвет на Калифорнија, државата во која што е родена. Тие два цвета беа симетрично распоредени на предниот дел од велот што го покриваше нејзиното лице.
Грациозниот фустан ги остави без здив сите, а бидејќи постојано се зборува за „ефектот на Меган“ воопшто нема да се изненадиме ако наскоро стане и една од најпродаваните венчаници на сите времиња.
За разлика од фустанот на Меган, Кејт Мидлтон во 2011 на својата венчавка носеше многу потрадиционална варијанта – раскошен фустан со „В“ израз зачинет со тантела кој го осмисли Сара Бартон, креативната директорка на престижната модна куќа Александер Меквин.
Тоа дека и нејзината венчаница беше полн погодок кажува и фактот што и денес се уште се наоѓа многу високи на пописот меѓу најбараните венчаници, а и „H&M“ неодамна лансираше варијанта од овој фустан.
По церемонијата за свечената вечера Меган се појави во уште еден сензационална креација – бел фустан со потписот на познатата дизајнерка Стела Мекартни.
Кејт и нејзината ќерка на венчавката на Меган