Наместо пари – предупредување.
На интернет кружи фотографија од сметка од ресторан во Америка каде келнерката добила лична порака од гостинoт.
Фото: Пекселс
Како што објаснила келнерката, откако била љубезна кон своите муштерии, гостите на ресторанот – брачен пар, очекувала бакшиш, но кога заминале видела дека не оставиле ништо.
Освен пораката – жената напишала на сметката: „Не викај го мојот сопруг душо“.
@honestlyelizabeth #greenscreen #trendingtopics2023 #hottake #dontflirtwithmyhusband #fbviral #husbandandwife #wiferant ♬ original sound – Honestly Elizabeth
Фотографија од сметката беше објавена на интернет и набрзо стана вирална. Коментaрите главно се на страната на келнерката, иако има и такви кои сметаат дека „треба да се почитува фактот што дошле како пар“.
По се изгледа сега особено се актуелни пораките до келнерките, неодамна беше објавена уште една, исто така добиена од брачен пар.
Фото: Пекселс
Претходно, друга келнерка сподели порака на Редит дека ја оставил гостин на нејзината сметка, на која пишувало:
„Нема бакшиш затоа што беше многу некултурно да прашам јас и жена ми дали сакаме одделни сметки“, гласеше белешката од маж во доцните 50-ти или раните 60-ти, рече таа, откако и кажал дека посебните сметки не се потребни, објави Блиц.