Кајмакоски УЖИВА ВО ТАТКОВСТВОТО: Пејачот ги стопи сите – малиот Стефан обожава кога тато пее
Популарниот македонски пејач ужива секој момент со својот помал син.

Даниел ги стопи фановите со најновото видео од неговиот син кое го сподели на својот Инстаграм профил.
На почетокот на месецов Даниел Кајмакоски соопшти дека неговата сопруга се породила и дека добиле син.

Даниел долги години живее и работи во Белград и својата кариера продолжи да ја гради таму.
Публиката го запозна со учеството во регионлното музичко шоу Икс-фактор Адриа, каде уште на самата аудиција ја освои публиката и стекна огромна популарност.

По учеството во Икс-фактор неговата кариера тргна во нагорна линија. Веднаш сними неколку песни и почна да настапува ширум Балканот.
Неколку години беше во брак со манекенката и пејачка Кристина Димитриевска со која го имаат синот Давид.

По нивната разделба Даниел се пресели во Белград и долго време го криеше својот приватен живот.
Дека повторно е среќен и вљубен пејачот соопшти неодамна, а недолго после тоа откри и дека повторно стапнал на „лудиот камен“.

Уште поголем шок следуваше кога пејачот сподели дека црнокосата убавица е бремена и дека за брзо се очекува да станат родители.
На почетокот на месеов Даниел и неговата сакана го добија синот Стефан, а пејачот ужива во секој момент поминат со своето семејство.

Тој на Инстаграм објави видео на кое му пее на малиот Стефан, а тој ужива и се смее.
Погледнете:

ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски