Кате од „Нели ти реков“ призна каква е приватно – овие интимни детали ќе ви откријат многу за неа
Пејачката ги спомна и нејзините деца, но и сопругот со кого е 25 години и од кого ја има најголемата поддршка
Катерина Танева која се прослави со музичката група „Нели ти реков“ важи за една од омилените пејачи во Македонија.
Таа на нашата музичка сцена е присутна повеќе од три децении, а песната „Запри дожду“ е еден од нејзините најголеми хитови.
Кате по потекло е од Ваташа, а денес заедно со сопругот и нивните две деца живее во скопската населба Припор.
Фејсбук, Катерина Танева Ѓорѓиев
Пејачката во една пригода за Гламур магазин зборуваше и за својот семеен живот, откривајќи каква е приватно, но и какви се нејзините деца.
И како што самата откри тогаш, нашата позната пејачка најмногу ужива кога има време да го средува својот двор и да си сади цвеќиња, тоа е нешто што потполно ја релаксира.
Пејачката тогаш откри и како се снаоѓа во кујната, истакнувајќи дека секогаш кога има време готви за себе и за семејството.
Фејсбук, Катерина Танева Ѓорѓиев
„25 години сум во брак, а во исто време и во кујна. Секојдневно готвам, освен деновите кога имам настапи. Готвам многу јадења што ги готвеше мојата мајка. Нема нешто што не знам да зготвам“, изјави тогаш Кате, а потоа додаде и што е она што најмногу ја релаксира, но и дека нема премногу време за одмор.
„Кога немам настапи, времето го поминувам со домашните обврски што ги има секоја жена. Инаку сега кога затопли времето релаксација ми е садењето цвеќиња, кастрење и обликување на дрвцата во дворот“, призна Кате во една пригода за Гламур магазин, па потоа откри дека и двете деца го наследиле талентот од неа.
„И ќерката и синот преубаво пеат. Само што досега не пројавиле интерес за јавен настап. Си пеат по дома, а јас уживам во нивното пеење“ изјави со насмевка една од нашите најпознати фолк-пејачки.
Фејсбук, Катерина Танева Ѓорѓиев
Потсетуваме, Катерина Танева Ѓорѓиев во јавноста позната и како Кате „Нели ти реков“ заради групата со која настапуваше долги години, неодамна сподели преубава вест со која што ги израдува своите следбеници на социјалните мрежи.
Таа тогаш откри дека нејзината ќерка Ларита која многу наликува на својата мајка се сврши, па гордата мама се пофали дека има зет.
Фејсбук, Катерина Танева Ѓорѓиев
Кате тогаш сподели и една фотографија на која се гледа прстенот што нејзината наследничка си го доби од својот иден сопруг.
Повеќе за ова прочитајте тука…