Погледнете ги ова опасно издание на нашата позната пејачка
Каролина Гочева на социјалните мрежи објави фотографии од кои можевме да видиме како изгледаше на отворањето на новата телевизија на Жељко Јоксимовиќ.
Пејачката не се плаши да експериментира со модата, благодарение на својата феноменална линија и став кој секогаш зрачи со посебна енергија. Таа овој пат носеше тесни црни панталони зачинета со црна лента по рабовите, а целото издание го заокружи со црна, свилена кошула со широки ракави со кои никого не остави рамнодушен.
Таа комбинацијата ја „подигна“ со салонки со високи потпетици и со своите преубави благи прамени во косата.
Мораме да признаеме дека Каролина во ова издание изгледа како милион долари – мошне елегантно и дамски.
Иако до сега многу пати сме ја гледале во елегантни фустани и префинети комплети, мораме да признаеме дека убавата пејачка и во овие панталони изгледа подеднакво добро. Ако не и подобро од кога било досега.
Што мислите вие?