Каролина никогаш поубава, а овие две Македонки се виновничките што пејачката ги шармираше сите
Пејачката блескаше и изгледаше толку моќно што нема да престанете да гледате во неа
Каролина Гочева во едно од најубавите изданија досега
Белите панталони се заводливи, но ретко која дама се осмелува да ги носи затоа што во нив се познава секој недостаток.
Тие можат да го истакнат секој детаљ на женското тело, така што во нив може да се познае и најмалиот вишок.
Но очигледно Каролина нема проблем со тоа, па на еден од своите последни настапи блескаше токму во вакви панталони.
Инстаграм/ Каролина Гочева (И. Кочов & @janipatche)
И тоа не било какви, туку софистициран модел со висок струк и со потписот на една од нашите најдобри модни дизајнерки.
Станува збор за дизајнерката Јована Филиповиќ, додека за стајлингот се погрижи извонредната Јована Зука.
Инстаграм/ Каролина Гочева (И. Кочов & @janipatche)
Каролина во овие шик панталони изгледаше мошне сензуално, а целото издание го зачини со „кроп-топ“ од истиот материјал со тенки прерамки, така што во центарот на вниманието беа голите раменици.
Инстаграм/ Каролина Гочева (И. Кочов & @janipatche)
Следуваа бројни коментари на сметка на нејзиниот изглед, но и пофалби за ова смело издание на пејачката.
Погледнете уште неколку интересни стајлинзи на Каролина…