Реклама
Стил

Каролина и во обично издание изгледа неодоливо – дали помладиот сопруг е причината што вака блеска?

Познатата пејачка откако е во брак изгледа се поубаво и поубаво, коментираат многумина

Реклама

Овие фармерки на сите дами им стојат совршено

Познатата поп-пејачка Каролина Гочева важи за една од најубавите жени меѓу познатите дами во регионот.

Што и да облече таа едноставно блеска, а пејачката тоа го покажа и овој пат со своите најнови фотографии на Инстаграм.

Маркетинг

Таа за оваа пригода избра широки фармерки, и тоа во посветла нијанса која е идеална за понеформални пригоди.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Каролина со ова издание се прошета низ галеријата во која што стојат сликите на нејзиниот сопруг, уметникот Михаил Корубин.

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Моделот на фармерки што таа го избра е широк, со поприлично рамен крој, а ги носеше во комбинација со уште еден тренди детаљ.

Во прашање е белата кошула со долги ракави, но со голем отвор во задниот дел со кој пејачката ја истакна својата половина.

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Таа целото издание го заокружи со бели патики и мала црна чантичка од познат светски бренд, додека на лицето блескаше нејзината препознатлива насмевка зачинета со кармин во страсна црвена боја.

Македонската поп-дива и една од најпознатите пејачки на просторите на поранешна Југославија со ова свое издание ги воодушеви сите, а за тоа зборуваат и коментарите што ги доби од своите фанови.

„Како да имаш 15 години“, „Керол, изгледаш како девојче“, „Прекрасна“, „Една и единствена“, беа само некои од нив.

Фото: Принтскрин

Потсетуваме, Каролина во септември 2017 година се омажи за шест години помладиот сликар Михаил Корубин.

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Тие се запознаа додека ја снимаа насловната за нејзиниот албум „Извор“, како што самата пејачка откри во една пригода.

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Се уште се зборува и за нивната свадба која беше во несекојдневен амбиент – во воен хангар на аеродромот Петровец во Скопје.

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Инаку, сопругот на Каролина Гочева, Михаил Корубин, потекнува од уметничко семејство. Неговиот татко Рубенс е познат македонски сликар, а мајка ми Лиле Корубин, е дизајнерка.

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Михаил е магистер по ликовна уметност, а неговите дела досега биле изложени во Софија, Торонто, Њујорк…

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button