Каролина во издание со кое никого не остави рамнодушен – изгледа ПPOВОКАТИВНО, но и елегантно и шик во исто време!
Македонската пејачка Каролина Гочeва ги воодушеви сите со своите необични панталони.
Каролина во последно време сé почесто можеме да ја видиме како експериментира со модата, но овој пат се надмина себеси.
Пејачката беше гостинка во емисијата „Конечно петок“ на Босанската национална телевизија, а комбинацијата што ја избра за оваа пригода многу дами би сакале да ја имаат во своите гардеробери.
Таа сподели неколку фотографии од гостувањето на социјалните мрежи и никого не остави рамнодушен.
Каролина за оваа пригода носеше елегантно и ефектно модно издание во кое доминира црните панталони.
Во прашање е модел со висок струк и широки ногавици, а кои пејачката ги носеше со сандали во светла зелена нијанса.
И бидејќи панталоните беа со висок струк посебно добро се согласуваа со црниот „кроп-топ“ со кој Каролина го истакна своето тело.
Таа целото издание го „зачини“ со децентна шминка и своите преубави осветлени прамени во косата.
Инаку, пејачката и неодамна на Инстаграм сподели едно поприлично впечатливо издание со кое ги изненади сите.
Таа тогаш носеше мал розов фустан со долги и необични ракави, а како изгледаше и во ова издание погледнете во продолжение:
Повеќе нејзини интересни комбинации погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева