Каролина во здолниште со кое никого не остави рамнодушен – пејачката БЛЕСКАШЕ, со овој детаљ го „зaпaли“ и Инстаграм!
Каролина каде и да се појави привлекува внимание
Македонската поп дива атмосферата ја загреа како со своите хитови, така и со својот прекрасен изглед.
Овој пат на својот настап познатата пејачка Каролина Гочева ги воодушеви сите и со своето префинето издание.
Имено, таа се појави во поприлично необично, но истовремено крајно женствено издание и никого не остави рамнодушен.
Каролина на сцената пристигна во долго здолниште во тиркизна сина боја, додека во горниот дел носеше црна ролка.
Во прашање е ролка „кроп-топ“ издание, со која убавата пејачка во преден план ја истакна својата тенка половина.
https://www.instagram.com/p/CaAcGR6rPeA/
Таа целото издание го заокружи со шик црни чизмички до глуждот и суптилна шминка.
И ако во приватниот живот Каролина најчесто избира лежерен стил во кој пред сé се чувствува удобно, таа на своите настапи секогаш блеска во елегантни изданија со кои никого не остава рамнодушен.
Впрочем така беше и овој пат, со асиметричното здолниште со потписот на македонската дизајнерка Јована Филиповиќ.
Пејачката е во топ форма и има со што да се пофали, па не се сомневаме дека и во иднина ќе ја гледаме во вакви шик комбинации, а некои од нејзините најдобри досегашни модни изданија погледнете ги во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева