Карлеуша ја откри тајната на нејзината тенка и стегната половина – ПОГЛЕДНЕТЕ го ова, ќе се изненадите од нејзиниот „рецепт“
Карлеуша конечно го откри својот таинствен „рецепт“ …
И додека многумина ја обвинуваат дека нејзините фотографии се резултат на Фотошоп, Јелена Карлеуша упорно ги демантира ваквите наводи. Таа неколку пати досега пред телевизиските камери ги има демантирано фановите кои не можат да поверуваат дека некој може да изгледа толку добро, а овој пат реши и да ја открие тајната на својот рамен стомак и како и успева да има толку тенка половина.
Таа поради овие причини реши да се фотографира пред огледалото и покажа колку и е стеснат стомакот благодарение на стегачот кој како што самата вели, редовн го носи под нејзината облека.
Многумина со години ме прашуваат како имам толку рамен и затегнат стомак, изразени стомачни мускули и мал обем на половината. Тајната е во мидерот што го носам секој ден, понекогаш го носам и навечер, а често и под облека… Со редовно носеше и тренирање на вашата половина со ваков стегач ги топлите масните наслаги и драстично го менувате обемот на половината, ги собирате опуштените мускули, го намалувате чувството за глад, ја поправате положбата на рбетот. Го препорачувам на секоја жена, посебно на оние што се дебелеат во пределот на стомакот, родилките и жените што тренираат“ напиша Јелена на својот профил на социјалните мрежи и го додаде и следново:
„Три пати правев царски рез, да три, родив две деца, го оперирав слепото црево (предниот ѕид од стомакот ми е поприлично ослабен), не вежбам и овој стегач ми помогна многу“, вели таа.
Како таа изгледа кога го носи стегачот и колку тој навистина го намалува обемот на нејзиниот струк, погледнете во продолжение.
И додека многу фанови и порачаа дека има совршено тело, покрај бројните комплименти наиде и на критика.
Нема шанси толку тенка да ти е половината, Стегни посилно, слабо е тоа, и порачаа некои фанови.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша