Карлеуша ја закопа естрадата – објави фотографија од гробиштата, но многумина згрозени, особено заради Шабан Шаулиќ
Јелена Карлеуша продолжи многу детали од животот да ги споделува со своите обожаватели, но овој пат според многумина ги преминала сите граници.
Имено, Јелена сакајќи да го најави својот најнов албум кој наскоро треба да го види светлото на денот, испрати морбидна порака од која се згрозија и многумина од нејзините најверни обожаватели, пишуваат српските медиуми.
Таа објави фотографија од гробишта на која е насмеана, со бели очила за сонце и облечена во бело од глава до пети, а во едната рака држи буќет со цвеќиња. Со другата рака става ружа на гробот на кој пишува Естрада.
Покрај фотографијата напиша и „Нов албум“ и „Одбројување,“ а сликата и пораката се повеќе од јасни.
Карлеуша е сигурна во себе и смета дека со својот нов албум ќе ја закопа целата естдрада, но некои ја критикуваа дека ова а најневкусната најава што ја виделе досега особено затоа што нејзиниот колега Шабан Шаулиќ загина во тешка сообраќајка и е закопан пред само неколку дена.