Карлеуша ужива со ќерките во Дубаи, а од Душко ни траг ни глас – ПОГЛЕДНЕТЕ ги златните сандали со цена од која боли глава!
Пејачката никого не остави рамнодушен во ова издание
Популарната поп-пејачка Јелена Карлеуша на 21 јануари одржа спектакуларен концерт во Дубаи.
Таа на оваа ексклузивна дестинација замина заедно со ќерките Атина и Ника со кои ужива во жешките денови.
Карлеуша овој пат објави снимка како се шета покрај базенот и ужива во музиката, а на себе носи „минијатурен“ костим за капење од Диор со кој максимално го истакна своето тело.
Таа се прошета свртена со „позадината“ кон камерата, а кога замеша со неа, се почувствува „потрес“ во цело Дубаи.
Пејачката објави и неколку фотографии на кои носи тесен бел фустан кој во горниот дел, во пределот на деколтето изгледа како ѕвезда. Во прашање е нова креација која ја следи линијата на нејзиното атрактивно тело, а која е дел од нејзината колекција која што неодамна ја најави.
Карлеуша сподели и заедничка фотографија со ќерките, а од нејзиниот сопруг, Душко Тошиќ, нема ни траг ни глас.
Тие имаа недоразбирање по божиќните празници по кое Јелена го пријави Душко во полиција, и од тогаш не се заедно.
Имено, тој не можеше да оди со семејството на патување бидејќи Карлеуша го пријави за семејно насилство, па тој доби забрана за приближување и контактирање на пејачката во траење од 30 дена.
Познато е и дека Јелена како модна икона каде и да отпатува сака да купува облека, па така беше во шопинг и во Дубаи.
Таа на својот профил на социјалните мрежи се пофали со своите нови сандали, но и сребрената металик чантичка за кои издвои неколку илјади евра.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша